Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6.043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1.379, односно 18,6 проценти вонредни студенти.

Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

Претходна вестЖивко Мукаетов прогласен за премиум партнер на „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст
Следна вестСо возило удрил велосипедист, па избегал од местото