Со возило удрил велосипедист, па избегал од местото

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во скопската општина Центар, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 27.05.2024 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото.

-Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, се наведува во информацијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестНамален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година
Следна вестАфрим Гаши предложен за претседател на Собранието