Намалени судските такси: За првостепена тужба ќе се плаќа најмногу 6.000 денари

Се намалуваат судските такси за поднесување на тужби, најави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Износот ќе зависи од вредноста на спорот.

Ако во минатото тие можеа да изнесуваат до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари. Трошоците за судските такси, во првостепена постапка, ќе се движат од 480 денари до 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој рече дека со ова граѓаните ќе се охрабруваат правдата да ја бараат во судниците бидејќи до сега високите такси ги обесхрабруваа.

-Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор ќе платевте вкупно 288.000 денари (тужба два отсто, одлука два отсто, жалба четири отсто, ревизија четири отсто). По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36.000 денари или 252.000 помалку доколку се жалите, појасни министерот за правда.

Тој посочи и еден пример кога се работи за долг од 15.000 илјади евра или околу 930.000 илјади денари.

-Почнувате парнична постапка на суд, а судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, треба да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари, појасни министерот.

Новиот тарифник за тужба, противтужба и за предлог за повторување на постапка според вредноста на спорот до 10.000 денари судската такса ќе изнесува 480 денари. Потоа, до 20.000 денари ќе чини 800 денари, над 40.000 денари 1.200 денари, над 60.000 денари 1.800 и над 100.000 денари ќе се плаќа 2.000 денари.

Претходна вестЧетири члена на Државната изборна комисија под истрага за јавни набавки
Следна вестПолицијата шета: За неносење маска казнети 641 лица