Нападнат е Крим со беспилотни летала, Русите велат дека се подготвени

Силите на Црноморската флота соборија беспилотно летало на надворешното сидро на Севастопол, соопшти гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев. Леталото експлодирало, но не го оштетило објектот кон кој цели, додаде Развозаев.

Тој претходно на Телеграм напиша дека Црноморската флота одбила напад со беспилотни летала на надворешното сидро на Севастопол, пренесува ТАСС.

– Денеска, со почеток во 3 часот и 30 минути, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досега, едното беспилотно летало беше уништено од противподморничките одбранбени сили за диверзија, другото самото експлодираше. Сè се случи на надворешното сидро на Севастопол и немаше делови кои беа оштетени. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во готовност, напиша Развозаев.

Агенцијата РИА Новости наведува дека поморскиот патнички сообраќај во Севастополскиот залив е прекинат, а организиран е автобуски превоз меѓу северниот и централниот дел на градот.

Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската војска се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во текот на изминатите неколку месеци, јави ТАСС.

Претходна вестПаркинг-дивјаштво пред скопската Зоолошка градина
Следна вестГеоргиевски: Најубаво „збогум“ од репрезентативниот дрес ќе биде пласман на Европското првенство