Нападнат малолетник во Арачиново – го изгребале со нож и го обрабиле

Три лица нападнале малолетник во Арачиново со нож и му ги одзеле парите.

Како што информираа од МВР, настанот се случил синоќа околу 3.40 часот по поноќ.

„Три лица од кои едниот имал остар предмет, нападнале малолетник од Арачиново и му нанеле исеченица на раката, по што му одзеле пари“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМаж ограбен додека чекал воз во Скопје
Следна вестОбид за убиство во Драчево, кон маж пукано со пиштол по расправија