Напаѓач уби седум лица на две фарми во Калифорнија

Седум лица се убиени во престрелки на две локации во крајбрежниот град Халф Мун Беј во северна Калифорнија, а делото се чини дека го извршило истото лице, кое било приведено, соопштија локалните власти. Градот Халф Мун Беј се наоѓа на околу 50 километри јужно од Сан Франциско.

– Полицајците кои одговорија на повикот на првата локација пронајдоа четири мртви и уште едно рането лице, а потоа пронајдоа уште три мртви лица на втора локација во близина, изјави шерифот Кристина Корпус на прес-конференција.

Двете локации на кои се случија нападите се фарми, а како што објави Сан Франциско хроникл, една од нив е фарма со печурки.

Снимката објавена од АБЦ 7 во Халф Мун Беј го покажува апсењето во кое двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со пиштоли во рака, му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот.

– Осомничениот за престрелката излегол и бил соборен на земја. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи. Во автомобилот на осомничениот е пронајдено оружје, соопшти Корпус.

Претходна вестKaзнети 100 возачи во Скопје, деветмина поминале на црвено светло
Следна вестВучиќ: „Петорката“ ми рече прифатете го планот или соочете се со последиците