Напикал 80 мигранти во камион, бегал од полицијата…

Спречено криумчарење на мигранти. Имено, вчера во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки.

Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја).

Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став  4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Претходна вестВо карамбол на три возила загина 27-годишник, тешко повредени неколку лица
Следна вестЌе ги снема ли старите кујни и фотелји покрај контејнерите?