Напишани 18 казни: Полицијата ги скротувала здивените моторџии низ Скопје

Значаен дел од моторџиите во Скопје не се баш по почитувањето на сообраќајната култура. Особено оние кои навечер ги вадат на улица своите машини кои грмат низ градот. Ќе успее ли полицијата да ги скроти?

Од министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден биле изречени 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Дали ова е доволна опомена за моторџиите ќе се види на улиците.

Полицијата посочува дека и наредните денови ќе има контроли.

Инаку, на територија на Град Скопје вчера биле изречени вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола…

Претходна вестEвакуирани ранетите украински војници од челичарницата Азовстал
Следна вест22-годишна Македонка загина на работно место во Данска