Eвакуирани ранетите украински војници од челичарницата Азовстал

Над 260 украински војници, од кои многумина ранети, беа евакуирани од опколената фабрика за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар доцна синоќа посочи дека 53 тешко ранети војници се евакуирани во болница во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 200 други биле пренесени по коридорот до Оленивка. Таа додаде дека ќе има размена за да можат евакуираните да се вратат дома.

Не е познато колку војници останале во фабриката за челик – се верува дека има околу 600 – а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека „се надева дека ќе ги спасат нивните момци“.

„Гардијан“ наведува дека евакуацијата веројатно ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка во украинската војна и значителен пораз за Украина. Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го спомна предавањето.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Државата е уназадена, излегуваме на протест за рушење на владата
Следна вестНапишани 18 казни: Полицијата ги скротувала здивените моторџии низ Скопје