Направена првата Барби со Даунов синдром

Компанијата „Мател“ во продажба пушти Барбика со Даунов синдром во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен.

Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети и ортопедска количка. Целта е „сите деца да се видат себеси во Барби“, како и „да си играат со кукли што личат на нив“, велат од компанијата.

Оригиналната кукла Барбика се појави на пазарот во 1959 година и стана своевиден симбол за совршено женско тело.

 

Меѓутоа, академици од Универзитетот на Јужна Австралија посочија дека веројатноста жената да има облик како телото на Барби е 1:100.000. Затоа критичарите повикаа Барби да претставува пореална слика за телото на една жена.

Британската манекенка Ели Голдстајн (21), која има Даунов синдром и има соработувано со модното списание „Вог“ и модните брендови „Гучи“ и „Адидас“, го прослави доаѓањето на новата кукла признавајќи дека била воодушевена кога ја видела новата играчка.

 

Во 2016 година „Мател“ ги објави куклите Заоблената Барби (Curvy), Високата и Ниската слатка (Petite), како и широк спектар тонови на кожата што ги одразуваат разните раси и етникуми.

Претходна вестЛажни волонтери закана за ОИ 2024 во Париз
Следна вестМртво тело на млад човек извлечено од Вардар кај Јурумлери