Настрада велосипедист во Скопје, со тешки повреди однесен во болница каде и починал

Повозрасен велосипедист настрада на автопатот Куманово – Скопје. Тој бил удрен од Автобус.

– Вчера попладне во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Кумановo – Скопје, под клучка „Илинден“, автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н. (67) од Скопје, информираат од МВР

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што денеска починал

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестБеса Адеми: За притисоци во судството и порано се укажувало, но јавноста не доби одговор дали Судскиот совет презел дејствија
Следна вестСудечкиот совет на Апелациониот суд Скопје дополнително ќе ја соопшти одлуката за случајот „ТНТ“, се бара застарување