Наташа Андонова постигна гол за женскиот тим на Леванте, со кој дојде до победата над Тенерифе. Меѓутоа во текот на натпреварот заработи тешка повреда поради која беше пренесена во болница.
Според извештаите на Леванте, добила силен удар со топка во лицето по што била пренесена во болница.
Нејзината ситуација е стабилна, и во моментот на ударот била свесна.
„Андонова ќе биде подложена на дополнителни прегледи поради повредата. Нејзинат состојба е стабилно“, соопштија од Леванте.