Научниците создадоа модел на човечки ембрион без јајце клетки и сперма

Научниците создадоа целосен модел на човечки ембрион од матични клетки во лабораторија и ги одгледуваа надвор од матка, при истражувањето што го отвора патот за напредок во плодноста, фармацевтските тестирања и трансплантации, пишува „Гардијан“. Малите топчиња од ткиво кои се создадени без јајце клетки и спрема, се направени со комбинирање на матични клетки кои се наредени во структури, што ја имитираат 3Д организацијата на сите познати карактеристики пронајдени во човечки ембриони, стари од една до две недели.

– Ова е првиот модел на ембрион кој има структурна организација и морфолошка сличност со човечкиот ембрион на 14-тиот ден. На две недели, топчињата од клетки беа широки околу половина милиметар, вели професорот Јакоб Хана, кој го предводеше истражувањето во Институтот Вајцман во Израел.

Научниците од оваа област веќе објавија низа трудови во последниве месеци, кои успеаја да комбинираат матични клетки, за да создадат структури слични на човечки ембрион без потреба од јајце клетки или сперматозоиди.

Иако малите структури не се идентични со човечките ембриони, научниците се надеваат дека наскоро ќе бидат доволно добри за да помогнат во расветлувањето на мистериите на најраните фази на човековиот развој и засега непознатите причини за спонтан абортус.

Разбирањето на развојот на ембрионот – особено од две недели во утробата – е само една област каде што научниците гледаат дека моделите на ембриони имаат влијание.

Друго сценарио кое д-р Хана го предвидува е создавањето модел и на ембриони од клетките на кожата на болните пациенти. Одгледувајте ги моделите на ембриони за еден месец или нешто повеќе, тие ќе почнат да развиваат органи кои можат да се користат како извор на клетки за трансплантација на пациентите.

Тој вели дека пред да одгледуваат модел на ембрион за донорско ткиво, научниците би требало да ја изменат неговата генетика, за да се осигураат дека тој нема да развие мозок или нервен систем.

По ова откритие, научниците имаат на ум да користат модели на ембриони за да го проценат веројатното влијание на лековите врз вистинските човечки ембриони. Бидејќи бремените жени често се исклучени од клиничките испитувања, лекарите немаат доволно инфомрации за несаканите ефекти, дури и на некои од најчестите третмани кај бремени жени и бебиња.

Претходна вестМалолетници претепале дете, ја снимиле тепачката и се фалеле
Следна вестПендаровски не се мислеше многу: Одлучив да го потпишам Указот за измените на Кривичниот законик, со нив не е предвидена амнестија