Наутро зима, преку ден лето – така до вторник

Утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Претходна вестУтре во Скопје посебен сообраќаен режим, се одржува форум
Следна вест1.824.864 граѓани имаат право на глас на изборите