За време на викендот и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти УХМР.
Нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.
Температурата утре ќе се движи од два до 10 степени наутро, а преку ден ќе достигне максимум 24 степени.
Идната недела најтопло ќе биде во вторник, 27 степени, додека другите денови дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени.