Од епидемиолошката состојба и од стручното мислење на Комисијата за заразни болести ќе зависи каква ќе биде наставата од следната учебна година, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.
-Оваа година избраниот хибриден модел на наставата даде одлични резултати, без застој во образованието, а притоа се заштити здравјето на учениците и наставниците како и колективното здравје. Тоа покажа дека образовниот систем може да се справува со вакви потреси, изјави Царовска во Охрид.
Царовска истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар.
Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. После спроведувањето на матурата треба да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.