Темен режим Режим на светлина

Смртните случаи половина од дневниот број на заразени: Ќе почне ли да паѓа бројот на ковид-жртвите?

Шеснаесет починати и 30 нови случаи на заразени се регистрирани во изминатите 24 часа.

Од починатите, половината се од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип – по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913, од кои 2.493 во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Лазаров го разигра Нант, французите му го зедоа скалпот на Веспрем

Следна објава

Назад во училиште или настава од дома: Ситуацијата со ковид ќе одреди како ќе се учи од септември