Се судриле три возила, повредени пет лица, меѓу нив и малолетник

Вкупно пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во скопската населба Методија Андонов – Ченто. МВР соопшти дека синоќа во 19:57 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје.

Еден од учесниците во сообраќајката првично избегал од местото на незгодата, но набрзо возилото било сопрено од страна на полициски службеници. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира полицијата.

Претходна вестНиколовски најавува дека Закон за легализација на дивоградби сепак ќе има?
Следна вестОпштество во служба на граѓаните: „Стоиме заедно“ за да не се фрла храна и да се намали гладта