Вандализам: Оштетени и уништени спомен плочите за убиените бранители кај Вејце

Две плочи со имињата на осумтте загинати бранители кај Вејце се уништени од се уште непознати сторители. Пригодните табли во знак на сеќавање на свирепото убиство на припадници на Армијата и на полицијата беа поставен на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место.

Уништувањето го констатирал денеска претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов, кој заминал на местото за да види во каква состојба се двете спомен обележја. Едната плоча ја нашол оштетена, другата воопшто ја немало, а уништено е оставеното цвеќе и венци.

-Повредени се чувствата на бранителите, на македонскиот народ и на родителите и на нивните деца. Мислам дека институциите не си ја завршуваат добро својата работа и по кој знае кој пат поставуваме плоча и ја снемува. Тоа едно општество за сите е прифатено. Меѓутоа не се случува на нашиве простори, а од кои причини мора да одговорат политичките структури бидејќи не може да биде еднострана љубов, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Тој рече дека на денот на одбележувањето на годишнината и поставување на плочите упатил порака во име на концептот едно општество сите плочите да бидат зачувани.

оставувањето на спомен обележјата не е политика, туку оддавање сочувство. Сега поради ова сметам дека пораките од бранителите за соживот не допираат до другата страна. Испратив порака до вицепремиерот Артан Груби, да преземе мерки, како не би доаѓало до вакви немили настани меѓутоа рефлексијата е јасна, после ова веќе нема дискусија околу тоа дали се преземени мерки или не, дали е реагирано на тоа и не се преземени соодветни мерки. Се надеваме дека институциите ќе смогнат сили да ги најдат сторителите и соодветно да ги санционираат, за да во иднината не се случуваат ваквите рбаоти кои се болни за човечкиот род кај кои постои сочувство, изјави Марин Најдов.

Едната плоча е поставена од Одборот на бранители, а другата претставници на Македонскиот родољубив народ. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци” и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Претходна вестЈордан Трајков: Ги ограбија фабриките, сега се подготвува и грабеж на почвата
Следна вестНиколовски најавува дека Закон за легализација на дивоградби сепак ќе има?