Не е интернетот, апликацијата за попис е – Статистика му се извини на Телеком што го обвини за проблемите

Државниот завод за статистика попладнево му се извини на АД Телеком што го обвини дека проблемите во нивната интернет-мрежа е причина за проблемите со кои денеска се соочиле попишувачите.

-Се работи за несреќно дадена изјава поради недостиг точни информации, се вели во соопштението од ДЗС.

Изјавата ја даде директорот Апостол Симовски во Тетово.

Од Статистика велат дека денеска во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, оти тие се успешно остранети, како и дека не се должеле на паѓање на интеретот, туку најверојатно на поголемиот број сесии што се одвивале истовремено. Додека траеле техничките прпблеми биле попишани речиси 10 илјади лица.

 

Претходна вестУправата за извршување санкции за „ослободувањето“ на Кичеец: Има дијагноза тахикардија
Следна вестКипар не избриша и од црвената зона – не не примаат ни со вакцини