Не може да ни биде за пример „паркот со скулптури“ во Унгарија

Колумна на Владимир Величковски:

Каква порака ќе добиеме од младите од нивната иднината која прозлегува од суровата сегашност?! Некоја зелена или цветна површина ме потсетува на прекрасните (денес ги нема) дворови и бавчи во старите скопски маала кои беа најблиску до асоцијацијата на „еденска градина. “Не ги спомнувам градините по шема на новите богаташи. Прагматизмот и материјалното го надвладеаја духовното. Скопје живнува со уличните музичари кои му даваат топлина и градски штимунг, меѓутоа (за разлика од париските, во метро) тие се сместени на отворено или на силен провев. Мирисот на зготвено јадење (од дома или од пекарите) е знак за човечка топлина. Добро е децата да почувствуваат радост со летање змеј што сами го направиле.

Што направија порано, а што прават сега историчарите со толкувањето и очекуваната (нормална, а не со принуда) ревизија на македонската историја? Ништо особено доколку се има предвид Скопје 2014.

 Кој го изгради, а веднаш потоа го запусти надвозникот – депонија Влајко, што се случи со Водно и многу други делови на Скопје?! Разните  недела и неправди го убиваат духот, а духот најтешко се подигнува. Има ли лек за душевната болка?

Она што е погрешено тешко се поправа: не знаат, а не го прашуваат (пред и потоа) оној кој знае. Не може да ни биде за пример „паркот со скулптури“ во Унгарија од комунистичкиот период на диктатори – злосторници со „нашата“ идеја „монументите“ од Скопје 2014 да бидат сместени подалеку од центарот: некои луѓе имаат почит или негуваат култ кон одредени историски личности. Според кои критериуми ќе направат избор на дела (а критериуми не постоеле ниту кога се подигнувале) и дали меѓу нив ќе се најдат скулптурите – „монументи“ кај обновената православна црквата Св.Богородица?!

Скопје за малку ќе станеше (покрај мостовите и другите зданија) град на шарени детски вртелешки – едната беше поставена меѓу кејот и грдата зграда (во стакло) на Тмобаил, а другата (која не проработи) на приодот кон обновената православна црква Св.Богородица: овие „објекти“ се тргнати, како дел од вообичаената практика да се дислоцираат и тешки скулптури, историски но и модернистичките. Најлошо е кога имаме „мозоци покриени со стар мов“. И адвокатите, претпоставувам некогаш биле деца – вели писателот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако немало анекс на договор зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов
Следна вестГраѓаните до Бочварски: Тебе ти креваат рампа на патарина и шоферот што те вози лета ко на формула…