Не обучивте наставници за онлајн настава, а камо ли за сексуално образование

Почнува воведувањето на сексуалното образование во училишта, веќе се обучуваат наставници за да можат да го спроведат. Со огромно задоволство ова го нагласи министерката за образование Мила Царовска, и со право, бидејќи ваквиот потег требаше многу поодамна да се случи.

-Сексуално образование многу често е поставувано како нешто што не треба да се прави, не треба да се зборува во училиште. Но кога ќе го поедноставиме и кога ќе кажеме дека зборуваме за ненасилство, за прифаќање на себе, на своето тело, за градење релации со другите луѓе околу нас, за создавање партнерски однос, дискусија околу своите емоции, тогаш сите велат да, тоа е потребно, вели Царовска.

Ама има едно големо „но“ што лебди над оваа вест: не беше ли поприоритетно да се обучуваат вака ревносно и навремено наставници за онлајн настава – што се покажа како нужно зло во моментот, отколку за сексуално образование?
-Деца останаа без едукација годинава оти нити имаат интернет ниту пак компјутер. Мислите дека ним им е гајле за сексуално образование, кога леб немаат да јадат а останаа така – никој не им помогна?! коментираат скопјани на социјалните мрежи.

Некој треба да ги следи критиките и ставовите на граѓаните, да ги слушне нивните повици оти тоа е вистинскиот начин за утврдување на приоритети и за дефинирање политики. Обучување наставници за сексуално образование, а при тоа не можат ниту да предаваат бидејќи не знаат да работат со компјутери, е далеку од препознавање и делување врз база на приоритети.

Претходна вестДвајца скопјани под истрага за трговија со дрога
Следна вест„Македонисимо“ на Трпчески – мелем за уши за патниците на „Луфтханза“