Министерството за внатреши работи денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес.
-Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување, се наведува во кусото соопштение.