Вкупно 16 пешаци вчера биле казнети од страна на полицијата заради непочитување на сообраќајните прописи, соопшти МВР.
Недисциплината на пешаците во Скопје е загрижувачко и на тоа мора да се стави крај. И од полицијата и од самите пешаци.
Инаку, по контролите на скопските сообраќајници изречени се вкупно 305 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 64 мерки за непрописно паркирани возила, 65 возила подигнати со „пајак“ и 14 санкции за неносење заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.