Не се планираат нови рестрикции-Филипче тврди бројките паѓаат, но дали е така?

Засега не планираме нови рестриктивни мерки поради тоа што сегашниот број на пациенти не ги оптоварува болниците, туку напротив тие се празнат и има се помалку хоспитализирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека секојдневно разговара со директорите на клиниките за случаите со Ковид-19, кои се тешки и имаат смртен исход.

– Тешките случаи на механичка вентилација се на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Разговараме за пристапот за лекување, за дијагнозата. Многу мал број случаи после последните препораки, само оние најтешки случаи се поставуваат на механичка вентилација. Концептот во меѓувреме уште од почеток на кризата се смени. Едно време на почеток беше таа препорака за механичка вентилација, после за неинвазивна вентилација со што се опремени сите ковид-центри, посочи Филипче.

Во меѓувреме, бројките на заразени  починати од минатата недела заклучно со објавеените вчера не зборуваат така. Минатата недела бројот на заразени се движеше над 11 отсто од брјот на тестирани, а вчера единствено е под 10.

Тука треба да се потенцира дека тоа што се појавуваат по 450-460 заразени дневно воопчто не е ниска бројка, ако се знае дека бројката на тесторани исто така е поала, односно е околу 3.500. Вчера, бројот на заразени во 24 часа е 190, но на тестирани е исто така помала онодно 2.636.

Тоа е за заразените, но кога сме кај починатите тие се во просек по десетина дневно, што воопшто не е мала бројка.

Дополнително на ова, на секојдневите предизборни собири гледаме како не се почитуваат основните мерки за заштита – ниту се носат маски, ниту пак се држи растојание.

Ако се знае дека регионот, особено Србија е во катастрофална состојба, дали може да очекуваме нов бран и кај нас? Тоа никој од надлежните не го коментира.

Претходна вестОваа или следната недела почнува проверката на учениците – за тестирање ќе се бара согласност од родителите
Следна вест15 починати и 185 нови заразени од 1.876 теста – дали е ова стабилно?