Не успеал да стигне до болницата, во Штип почина 47-годишен камионџија од Бугарија

На минување покрај Штип во близина на Царинскиот терминал му се слошило на пат до болницата починал возач на камион од Бугарија. Колега успеал да ја повика Итната медицинска помош од Штип, меѓутоа пред Клиничката болница, починал. Лекарите се обиделе да го вратат во живот, но не успеале.

-На 28.05.2024 во 18.15 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено лице во бессознание, кое и покрај извршената реанимација починало. Од преземените мерки на полициските службеници било констатирано дека станува збор за Л.М.Б. (47) од Кнеже, Бугарија. Од увидна екипа од СВР Штип на терминалот во Штип бил извршен преглед на товарното возило „волво“ со бугарски национални ознаки, кое тој претходно го управувал, соопшти СВР Штип.

Јавен обвинител наредил обдукција, која покажала дека се работи за природна смрт од срцев удар.

Претходна вестПочина 68-годишна прилепчанка, во неа удрил малолетник со мотоцикл
Следна вестБрутално убиство во Србија: Снаа со нож ја убила свекрвата