Брутално убиство во Србија: Снаа со нож ја убила свекрвата

Триесет и деветгодишна жена ја избодела својата свекрва (67) неколкупати со нож, синоќа во селото Дубионица, во српската општина Сјеница. Како што пишуваат српските медиуми, снаата брутално ја убила својата свекрва, а сцената на местото на настанот беше опишана како застрашувачка.

Полицијата соопшти дека несреќната жена починала од повеќето убоди. Инцидентот се случил во семеен дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.

Според пренесените информации, осомничената снаа живеела во Германија, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка.

На терен се полициски екипи, форензичари и дежурниот обвинител кои вршат увид и прибираат докази. Жителите на селото Дубница се во шок и неверување од овој монструозен чин.

Ивица Дачиќ, министерот за полиција, во гостувањето на ТВ Пинк потврди дека снаата ја убила свекрвата, а потоа побегнала од местото на настанот.

–Сега е уапсена, потврди министерот Дачиќ.

Како што наведе, злосторството најверојатно се случило затоа што осомничената германска државјанка ја обвинила нејзината свекрва за разводот.

Претходна вестНе успеал да стигне до болницата, во Штип почина 47-годишен камионџија од Бугарија
Следна вестКацарска: Го завршувам мандатот со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив