Влез во Скопје од Автокоманда трае како до Штип и назад

Триесет минути – ова е минималното време на чекање за влез во Скопје од страната на Автокаманда. Се реконструира булеварот Александар Македонски и функционира само една летна. Без разлика кога и да тргнете, во текот на денот или ноќта, колоната е иста.

– Летото уште не е завршено, а Шилегов одлучи дека сега е правото време да прави реконструкција. Од Штип до Скопје стигнав за 35 минути, а еве веќе 50 минути тука на влез во градот одвај ја поместувам колава. Не е шала, околу 5 километри е автопатов, ова не е во ред, вели еден од возачите кој беше некаде на средина во километарската колона, изутрината.

Тој беше дури и внимателен во коментарот. Други учесници вријат и извикуваат погрдни зборови за скопскиот градоначалник, револтирани се што реконструкцијата почнала во овој момент. Градот смирува.

-Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров, сугерираат оттаму.

Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.Кога ќе заврши не се знае.

Претходна вестПолицајци повредени во сообраќајки во Скопје и Струга
Следна вестОд 14 до 17 септември „ПРО-ЗА Балкан“ во Куршумли ан, Europe House и во Кинотеката