Од 14 до 17 септември ќе трае осмиот по ред, Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Организиран е на три различни локации: Куршумли ан, Europe House и во Кинотеката.
Еден од најважните делови на фестивалот, според организираторите е програмата „Скопје fellowship“, чии гости ќе бидат Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија. На вториот фестивалски ден (15 септември), тие ќе учествуваат на тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“, што ќе се реализираме во Europe House.