Не запираат протестите на пензионерите, блокиран излезот на Неготино откај Гевгелија

Пензионерските протсти со кои се бара зголемување на пензиите не запираат. Пензионери го блокираа денеска излезот на Неготино откај Гевгелија. Како и на претходните протести тие барата пензионерски права, најниската пензија да биде најмалку 20 илјади денари, линеарното покачување да е по пет илјади денари за секој пензионер.

-Мораме да издржиме и да стоиме на нашите одлуки. Не смееме да се откажеме, нагласи пензионерката Ката Апостолова.

Пензионерот Методи Петров, претседател на Иницијативниот одбор за барање на поголеми права за пензионерите, повика на поголема масовност, за коригирање на неправдата што им е направена на пензионерите.

На местото на настанот сообраќајот го регулираат припадници на полицијата. Се пропуштаат итните случаи. Возилата што транзитираат во овој дел кај спортската сала, се пренасочуваат по алтернативни улици. На тие што не им се чека до десет часот, додека трае блокадата, за Скопје и Гевгелија одат преку Кавадарци.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера изјави дека до крајот на месецов ќе има конкретни предлози за пензиите со фокус на ниските пензии.

-Сакаме стабилноста на пензискиот фонд да продолжи, затоа внимателно се работи на тоа да се подобри квалитетот на живот на пензионерите, а воедно да продолжи редовната исплата на пензиите. Сметам дека со финалните решенија кои ќе ги донесеме ќе бидат задоволни и двете страни, изјави деновиве Тренчевска.

Фото: Архива

Претходна вестКупил телефон со фалсификувани 430 евра, измамена 58-годишна жена
Следна вестДржавна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра