„Традиционално“ со пукање некои го славеа изборниот резултат во Скопје. Тоа се случило во Скопје на различни локации.
Никој од стрелците не миси каде ќе завршат тие куршуми. За среќа, трагедијата била избегната синоќа во семејна куќа во скопската општина Центар.
Полицијата соопшти дека на 15.07.2020 околу 22.15 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа“, се слушнало пукање од огнено оружје.
-Проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, сопшти полицијата.
На полицијата синоќа околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ”, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.
Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот.
Во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај синоќа околу 22.20 часот пријавил дека на ул.„10″, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат”, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје