Нема да се воведат нови превентивни мерки против Ковид – 19 но ќе се отворат пет ковид центри во Скопје за лекување на заразените лица. Ова денеска го заклучила Комисијата за заразни заболување која на состонокот ја разгледувала епидемиолошката состојба. Д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, најави дека од идната недела во Скопје ќе почнат со работа пет ковид центри каде ќе се дијагностицираат и лекуваат пациентите со ковид. Ковид амбулантите ќе бидат сместени во поликлиниките Идадија, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Ченто и Чаир. Тие треба да почнат со работа идната недела, со работно време и од 7,300 до 19,30 часот, а во нив пациентите ќе бидат тестирани и со брзи ковид тестови.
-Знаеме дека трансмисијата на вирусот е голема и дека ќе има голем број на случаеви. Но вирусот не предизвикува тешка клиничка слика и не се очекува дека ќе ги преполни болниците. Очекуваме дека ќе имаме голем број на слуачеви но не очекуваме дека ќе имаме луѓе со тешка симптоматологија и кои ќе завршат во болниците, рече Мехмедовиќ.
Целта на отворањето на овие ковид-центри е матичните лекари да можат да се ангажираат на редовната работа. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Според бројките што ги објавува на дневна основа Институтот за јавно здравје веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700. Во болниците ширум земјава се хоспитализирани околу 50 пациенти.