Темен режим Режим на светлина

Три лица обвинети за убиството на Денис Тот

Три лица се обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот во април годинава, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. По спроведена истражна постапка, ОЈО денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

За убиството на Тот на 10 парил прво беа уапсени две лица А.К. (22) и К.Л. (19) кои биле фатени на безбедносните камери од „Сејф Сити“ како го напаѓаат Тот пред дискотеката „Привилиџ“. Тот не пружа никаков отпор и почина за 24 часа откако во КАРИЛ во тешка состојба бил примен со ниска сатурација и без срцева реакција, а после неколку обиди да му се спаси животот. На 13 април беше уапсени и трето осомничено лице (А.Ѓ.).

На снимката од нападот на Тот, јасно се гледаат најмалку осум лица сведоци на настанот кои ниту му помагаат на повредениот, ниту пак го пријавуваат случајот, вклучувајќи го и таксистот кој си заминува од местото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Ќе имаат што да одговорат овие политичари кога ќе бидат изведени на одговорност

Следна објава

Нема нови мерки против Ковид – 19, од идната недела ќе се отворат пет ковид центри во Скопје