Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестОд јануари „Комунална хигиена“ отстрани 150 диви депонии на скопското подрачје, ќе се преземе ли нешто да се запрат несовесните граѓани?
Следна вестЗЕЛС до новата влада ќе предложи решенија за бездомните кучиња