Во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од ковид.
Направени се 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од:Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1.
Регистрирани се 18 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413 од кои 158 во Скопје.