Нема учебници, ќе има Совет

Формирање на посебен Совет кој ќе се занимава со проблемот на учебниците во основно и средно образование и ноемвриски рок за печатење на учебниците кои недостасуваат, најави денеска министерот за образование Јетон Шаќири.

-Проблемот со учебници не е само во основно, туку и во средно образование. Мислам дека во најбрзо време ќе се оформи еден вид совет за целиот проблем, кој не е само за оваа година, туку за конечно да се најде решение и за основно и за средно училиште. Во процесот на средно образование ние повеќе години сме во фаза на подготовка на нови закони. Гледам, треба да формираме Совет кој ќе ги координира сите работи зашто сите работи не зависат само до Министерството туку и од Бирото за образование и други институции“,изјави Шаќири кој денеска беше во посета на Битолскиот универзитет по повод почетокот на новата академска година.

Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа учебна година.

-Ние во претходната учебна година почнавме со нов концепт за основно образование и со нови учебни програми. Тој концепт минатата година беше само за прво и четврто одделение. Во прво одделение имавме материјали кои претходната година ги изработи Бирото за развој на образование, а за четврто одделение имавме печатени и дигитални материјали. Кога почнав да ја вршам функцијата министер, граѓаните бараа беа печатените учебници да се вратат во процесот. Јас ја поддржав дигитализацијата но исто така реков дека ќе ги вратиме и печатените учебници, а за да тоа се случи потребно беше да се формира национална Комисија која треба да го има пред вид Законот за учебници. Комисијата веќе има одобрени учебници, завршуваме со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, рече тој.

Останува да се види дали Советот ќе даде совет како да се решат проблемите кои само се трупаат во образованието.

 

Претходна вестКризата ќе пројде додека да се договорат кој кај кого да дојде
Следна вестВМРО-ДПМНЕ со нови детали за аферата „Броило“: Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра само од државни тендери