Скопје на полноќ влезе во 2023 година. Или можеби Новата Година влезе во Скопје? Што точно се случи, не можеше добро да се види синоќа оти имаше многу густа магла и загаден воздух. И утрово е слично.
Денеска е ден кога скопјани ќе си споделуваат честитки и желби. Најчесто си посакуваат подобро здравје, повеќе среќа…, ама има и необични желби:
-Да дувне ветер, тоа прво го посакувам, да го однесе загадувањето од градот. А истиот ветер ако ги однесе и сите неодговорни кои ништо не направија против отровниот воздух во Скопје би било супер, ни вели аеродромец кого утрово го сретнавме како се враќа од прослава што била кај негов пријател дома.
-Сакав да чекам Нова Година на плоштадот, на отворено, ама маглата и страшниот воздух ме предомислија. На сите им посакувам здравје во 2023 година, ама со ваквиот загаден воздух кој сигурно ќе не притисне цел месец тоа потешко ќе ни оди, ни прокоментира друг жител на „најурбанизираната општина“ во Скопје.
И така…, Скопје го почнува првиот ден во Новата Година, со разни желби и очекувања, ама сепак со нагласување дека во следните 365 дена надлежните мора да работат посеризно во премавнување на загадувањето.
Обврска за тоа ја имаат како локалната скопска власт така и централната Влада. Тие и даваа многу ветувања дека ќе работат на „темата“. Ама…
Затоа скопјани и поголема надеж сега гледаат во ветерот.