Непознато лице синоќа украло трамвај во Загреб, откако го повозел го оставил и заминал во непознат правец. Во инцидентот нема повредени.
– Синоќа нешто пред 23 часот непознат сторител украл нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец, соопшти ЗЕТ- а за Хрватскиот портал „Индекс“.
Во трамвајот за тоа време немало патници, а во инцидентот, велат, нема повредени, а возилото не е оштетено.
Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е покрената внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.