Нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.

Претходна вестДел од приватните автобуски линии утре нема да сообраќаат
Следна вестДенеска е Св. Архангел Михаил, се слави војводата на сите ангели