Дел од приватните автобуски линии утре нема да сообраќаат

Скопјани од понеделник со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .

Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски  и неипсравни автобуси.

Претходна вестТешка сообраќајка кај Струмица, загинаа сопружници
Следна вестНестабилно време со пороен дожд и грмежи