Невреме во Гостивар, поплавени се куќи и дворови

Невремето со пороен дожд и град, кое денеска ги зафати Гостивар и околината, предизвика поплави во куќи, подруми и дворови, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во селото Беловиште се поплавени неколку куќи и патот во селото. Во населбата Циглана во градот, водата оди од планината и постои опасност од поплавување на куќи. На улицата „Беличица“ поплавена е куќа со помошни објекти, а на улицата „Трајко Јовановски“, поплавени се подрумски простории од куќа, велат од ЦУК.

Претходна вестПоднесена кривична пријава против вработен во Затворска полиција
Следна вестГрчкиот клуб Каламата му даде отказ на Илчо Ѓорѓиоски