Независниот синдикат за образование и наука за утре најави протест пред зградата на Министерството за образование.
Како причина се наведува немањето слух од надлежните за нивните барања: почитување на ставот на друштвата на наставниците во врска со најавената концепција за реформи во основното образование, исплата на плата за просветните работници во согласност со колективниот договор, исплата на платите во согласно со закон и колективен договор најдоцна до 10-ти во месецот, исплата на регрес за годишен одмор од кој просветните работници моментно се изземени…
-И покрај повеќето обиди за воспоставување дијалог, со цел да бидеме сослушани, ние, просветните работници, кои сме синдикално обединети во Независниот синдикат за образование и наука, избравме својот револт поради игнорантскиот однос на надлежните и своите барања, кои се засновани на позитивните законски одредби во државата, да ги изнесеме во форма на протест, велат од Синдикатот во најавата.