Првите 3.000 вакцини „спутник В“ ќе пристигнат во земјата најверојатно в недела по ДХЛ пошта, најави премиерот Зоран Заев.
-Еве, јас знам кога ќе пристигнат вакцините, но како да кажам ако не стигнат тогаш?Ама ај сепак ќе ви кажам, рече Заев, објаснувајќи дека е договорено со рускиот амбасадор во земјава в недела да бидат преземени 3.000 вакцини кои ќе пристигнат од Русија.
Според претходните изјави, нашата Владата бара да набави 100.000 дози „Спутник В“.
Досега единствените вакцини со кои располага Македонија се вакцините од „Фајзер“, кои ги добивме како донација од Србија и со нив се имунизираат здравствените работници од ковид-центрите, вработените во лаборатории, маични лекари, некои стоматолози.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера во интервју за МТВ најави дека имунизацијата на населението ќе почне овој месец, откако претходно беше објавено дека стигнал договорот со „Фајзер“ и според динамиката на испорака, првите 21.000 дози ќе стигнат на крајот на овој месец.