Власта глува на барањата на сметководителите: Нема продолжување на рокот за завршни сметки

Нема да има пролонгирање на роковите за завршните сметки, им одговори усно министерот за економија Крешник Бектеши на сметководителите кои неколку минути пред неговата прес-конференција го упатија ова барање, со образложение дека не можеле да стигнат бидејќи речиси половината имале ковид.

-Веќе направиме консултации во рамки на институциите и како Министерство за економија, заедно со Министерството за финансии, УЈП и Централниот регистар одлучивме да нема пролонгирање на роковите за завршните сметки. Мислиме дека сметководителите и не биле толку погодени од пандемијата, изјави Бектеши.

Десетина минути претходно, пред Министерството за економија, прес-конференција одржаа од Комората на сметководители, на која беше речено дека дури 4.900 од 10.000 сметковдители биле болни од ковид во овој период, а голем дел биле и во изолација поради што побараа рокот за доставувањето на годишните извештаи и завршните сметки да се пролонгира до 31 март, бидејќи за тоа постои можност без законски измени.

Претходна вестМВР за двојното убиство во Чаир: Идентификувани жртвите, но не и убијците
Следна вестНи кинески, ни „Фајзер“ туку први ќе стигнат руските вакцини