МВР за двојното убиство во Чаир: Идентификувани жртвите, но не и убијците

Две лица на возраст од 28 и 24 години од Скопје утрово се пронајдени мртви во автомобил во населбата Чаир на бул.„Македонско – Косовска бригада“, потврди МВР.

Претходно во СВР Скопје било пријавен пукање утрово во 2:35 часот во СВР Скопје, а полицијата кај бензинската пумпа на Макпетрол на самото место пронашла „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица без знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај двете лица, а на самото место се пронајдени чаури од пиштол и автоматска пушка, а лицата се идентификувани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Куманово изјави дека се прави детална истрага за настанот и најави повеќе детали во текот на денот.

Претходна вестОбвинение против 7 учесници на протестот за „Монструм“ кога беше повреден новинар и 11 полицајци
Следна вестВласта глува на барањата на сметководителите: Нема продолжување на рокот за завршни сметки