Ни утринскиот дожд не го исчисти воздухот,  Скопје утрово е десетти најзагаден град во светот

Слабиот дожд којшто во раните утрински часови вреше во Скопје не донесе прочистување на загадениот воздух кој граѓаните го вдишуваат наназад неколку дена. Утрово, околу 8 часот македонската метропола беше на десетто место меѓу светските метрополи според нивото на загаденоста на воздухот. Тоа го покажува интернет страницата Iqair.com на која се гледа дека индексот на загаденоста е 167.

-Воздухот е нездрав за дишење. Не треба да се излегува надвор, треба да се носат заштитни маски, а прозорците по домовите да се држат затворени, препорачува оваа страница.

Најприсутен загадувач се ПМ2,5 честички, со концентрација од 86,9 микрограми на кубен метар воздух.

И интернет страницата waqi.info покажува прекумерно загадување. Во населбата Лисиче измереното загадување е 156 микрограми на кубен метар воздух, а што, според страницата, е нездрав воздух. Во населбата Ѓорче Петров, концентрацијата е 159, во Кисела Вода на улица „Христо Татарчев“ – 162…

Наспроти ова, надлежните градски и државни органи деновиве не преземаат никакви мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

Претходна вестСообраќајка на патот Делчево-Пехчево, се вози по една коловозна лента
Следна вестИДФ: Повеќе од 2.000 оперативци на Хамас убиени од 1 декември