ИДФ: Повеќе од 2.000 оперативци на Хамас убиени од 1 декември

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека од крајот на привременото примирје на 1 декември, повеќе од 2.000 оперативци на палестинската милитантна група Хамас се убиени во Појасот Газа. Тој вели дека акцент се става на подземните борби.

– Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните борби, рече Хагари на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека на северот на Израел, либанската милитантна група Хезболах „го претвори јужен Либан во борбена зона и продолжува да ја загрозува иднината на целата држава Либан. Ќе продолжиме да работиме на оддалечување на Хезболах од израелската граница“, рече Хагари.

Претходна вестНи утринскиот дожд не го исчисти воздухот,  Скопје утрово е десетти најзагаден град во светот
Следна вестПовеќе од 800.000 во Велика Британија се неухранети