Никогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишниците од САД

Американските 13-годишници имаат најлоши резултати по математика и читање споредено со низа децении. Во областа на математиката нивните резултати никогаш не биле полоши, покажува американскиот федерален тест „Извештај на нацијата“ („Nation’s report card“). Резултатите, објавени вчера, се уште еден показател за тоа колку опадна нивото на знаење во текот на пандемијата Ковид-19.

Додека претходните тестирања го покажаа степенот во кој опаѓало знаењето, најновиот тест фрла светлина на постојаноста на тие неуспеси, намалувајќи ги надежите за брзо опоравување.

– Повеќе од две години откако повеќето ученици се вратија на настава во училниците, сè уште има „вознемирувачки знаци во врска со постигнувањата на учениците“, рече Пеги Кар, комесар на Националниот центар за образовна статистика на Министерството за образование на САД.

– „Резултатите“ од академското закрепнување на кои се надевавме не се реализираа“, рече таа.

Во национален примерок од 13-годишници, просечните резултати по математика на овогодинешните ученици паднаа за девет поени помеѓу 2020 и 2023 година, а резултатите од читањето за четири поени.

Тестот, официјално наречен Национално оценување на образовниот напредок, се спроведуваше од октомври до декември минатата година, а на него учествуваа 8.700 ученици од двата предмети.

Слични неуспеси беа пријавени минатата година кога истото тело објави поопширни резултати кои го покажуваат влијанието на пандемијата врз американските ученици во четврто и осмо одделение.

Претходна вестРЕК „Битола“ нема доволно работници: Недостасуваат бравари, заварувачи, дреари, инженери…
Следна вестМаж нападнал и допирал 15-годишно девојче во Драчево