РЕК „Битола“ нема доволно работници: Недостасуваат бравари, заварувачи, дреари, инженери…

На најголемиот рударско-енергетски комбинат во земјава РЕК „Битола“ му недостасуваат работници. Во последните пет години бројот на вработените од 2.700 опаднал на 2.000 при што е намален и интересот за вработување во овој енергетски гигант. Најмногу недостига квалификуван кадар, со средна стручна подготовка, кој веќе не може да се најде на пазрот на трудот. Недостига и инженерски кадар, кој дел заминува во странство, а дел во приватниот сектор.

– Моментално работиме со 2.080 постојани вработувања и 400 агенциски во два рудници и термоелектрана. Тоа е показател дека имаме недостиг на стручна работна сила од стручните училишта. Ги немаме вториот и третиот степен во образованието, а се јавува и дефицит во инженерски кадар. Имаме проблем зашто наши вработени со средно и високо образование заминуваат во други фирми зашто ги немаме високите плати што таму им се нудат.Тоа е сериозен проблем и треба да се работи на надминување на тоа, изјави денеска Пеце Матевски, генерален директор на РЕК „Битола“.

Производството на струја во првите шест месеци е 102 проценти од планираното, а тоа е за 45 проценти повеќе во споредба со периодот од пред две години. На депонија има над 300.000 тони јаглен. Во тек е ремонт на првиот блок што ќе трае 45 дена , а потоа ќе следува ремонт на вториот блок.

 

Претходна вестТетовчанец во својата нива пронашол кинеска бомба
Следна вестНикогаш полоши резултатите по математика и читање на 13-годишниците од САД