Маж од Ресен им покажувал порнографски материјал на 11-годишни деца

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А. (39) од Ресен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“.

Тој на 19.03.2023 на повеќе малолетници на 11-годишна возраст од Струга, преку видео-повик на апликацијата Viber, им покажувал недолични содржини.
МВР информира и за друг случај каде поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Љ.А. (61) од Струга.

Тој на 02.06.2023 на улица „Ристо Крле“ во Струга со тврд предмет го нападнал В.Г. (38) од Струга.

Претходна вестШкендија го победи Петролул во дебито на тренерот Нухиу
Следна вестВучиќ од Брисел: Ги предупредив за теророт на Курти, разговорите ќе продолжат